Со купување на било кој производ или понуда од сајтот или учествување во било која програма на сајтот Вие се согласувате со Условите на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.
(А) Општо
Описот на понудите на SEZA100DENARI се дадени од страна на SEZA100DENARI и продавачите или друга трета страна која е засегната. SEZA100DENARI не ги истражува или гарантира за Продавачите, и согласно SEZA100DENARI не е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со описот на понудата. Цената на понудите може да се промени во било кое време без претходно известување од страна на SEZA100DENARI.
SEZA100DENARI и продавачите можат да рекламираат услуги и производи преку сајтот. SEZA100DENARI не прави верификација и валидација и не собира докази, регулаторни авторизации, лиценци или сертификати за производителите, производите и продавачите. Вие може да истражите повеќе ако сметате дека е неопходно, пред купување на било кој производ или понуда за да дознаете дали производот, или продавачот е овластен да врши продажба и давање на конкретните услуги. SEZA100DENARI не е одговорен за квалитетот на услугите и производите кои се продаваат преку вебсајтот.
SEZA100DENARI може во своја дискреција да го провери идентитетот на одреден купувач. SEZA100DENARI може исто така да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите на употреба. Рефундирања на средства за откажани трансакции може да бидат направени каде што е потребно.
Ако одреден производ или понуда стане недостапна за купување, SEZA100DENARI ќе го откаже купувањето и ќе ве извести по е-маил.
SEZA100DENARI не гарантира за цените на производите и понудите и не гарантира дека нема да има грешка во цените. SEZA100DENARI го задржува правото да не ги процесира или откаже купувањата ако цената која била дадена во понудата е грешна. Ако ова се случи SEZA100DENARI ќе ве информира преку е-маил. Дополнително SEZA100DENARI го задржува правото да ја промени продажната цена на понудите вo било кое време.
(Б) Купони
На вебсајтот покрај регуларната продажба и понуда на производи и услуги, се нудат на продажба производи и услуги, во кои продажби може да се учествува единствено со купување вредносни купони, сите купони се со цена од 100 денари, со купувањето на вредносен купон крајниот корисник станува и потенцијален купувач на производот или услугата, притоа со поголем број на купени купони од еден исти краен корисник се зголемува и шансата за тој да биде купувач на производот или услугата. Крајниот купувач на даден производ или услуга се избира по пат на компјутерски софтвер. Сите купени купони од различни крајни корисници – потенцијални купувачи за даден производ или услуга се засметуваат како платена реална цена на производот или услугата. Купоните кои ќе бидат платени од потенцијалните купувачи – крајни корисници се евидентираат како купони за учество во продажбата за одреден производ или услуга, од вкупниот број на учесници т.е потенцијални купувачи-крајни корисници по пат на компјутерски софтвер се избира еден купувач кој ќе биде краен корсник на производот или услугата, притоа сите останати купони платени од другите учесници – потенцијални купувачи се сметаат како цена платена за учество во продажбата и истите немаат право на поврат на средствата. Со објавувањето на продажба за производ или услуга ќе биде истакната реалната цена на производот, пример : производ - тастатура, релана цена од 1.800,00 денари, купон за учество 100 денари, потребни купони за реализирање на продажбата – 18, времетраење 20 денови. Времетраењето на продажбата на овие производи и услуги ќе биде во траење од 20 дена до 2 години, односно во зависност од реалната цена на производите или услугите кои се нудат на продажба. SEZA100DENARI го задржува правото на промена на рокот за продажба. По продажбата на потребен број на купони за даден производ или услуга завршува и продажбата за тој производ или услга, притоа се врши избирање на купувач од учесниците во продажбата по пат на компјутерски софтвер, по избирањето на купувачот, SEZA100DENARI ќе го контактира купувачот по телефон и емаил, и ќе го повика во рок од 30 дена да го подигне производот или услугата. Трошоците за склучување на договор за купорподажба, данок на промет, транспорт, примопредавање, трошоци пред нотар и адвокат се на трошок на купувачот. Доколку купувачот не пристапи во рокот за купопродажба и примопредавање определен од SEZA100DENARI, истото ќе се смета како изјава за откажување од купорподажбата, т.е по автоматизам се откажува од производот, притоа во ваков случај SEZA100DENARI по пат на компјутерски софтвер ќе избере нов купувач од учесниците кои веќе купиле купони за предметната продажба. SEZA100DENARI го задржува правото да ја откаже продажбата на било кој понуден производ или услуга, доколку има реална потреба од тоа. Во случај на откажување на продажбата, а одреден број на крајни корисници - потенцијални купувачи купиле вредносни купони за истата продажба, навремено ќе бидат известени за откажувањето на продажбата и истите ќе имаат можност да ги пренаменат купените купони за било кој друг производ или услуга по сопствен избор. SEZA100DENARI нема да ги рефундира уплатените средства на име купони во никој случај, дури ни кога е откажана продажбата.
SEZA100DENARI и продавачите не се одговорни за грижата и квалитетот на услугите и производите кои ги обезбедува и за било каква настаната штета, повреда, трошок направен директно или индиректно, делумно или целосно, без разлика дали тоа произлегува од користењето на SEZA100DENARI купон или не. Вие го ослободувате SEZA100DENARI и неговите вработени од било какви обврски кои прoизлегуваат од или се поврзани со кој било чин или пропуст од страна на SEZA100DENARI или продавачот во врска со купувањето на производи или користењето на купон за производи или услуги кои SEZA100DENARI или продавачот ги обезбедува во врска со купонот.
Со купување, гледање на вебсајтот, печатење, прифаќање, користење или обид за користење на било кој купон, Вие се согласувате конкретно со условите на тој купон наведени во самата понуда за купонот и со дополнителните услови специфични за одредената понуда кои се наведени во самата понуда во времето на купување на купонот ("Услови"), понатаму се согласувате и со Условите на употреба и со овие Услови на купување. Овие правила важат за сите купони кои се ставени на располагање за продажба на сајтот, освен доколку во Условите на конкретниот купон не е поинаkу наведенo, и освен ако важечкиот закон не налага поинаку. Во случај на судир помеѓу овие Услови на употреба и Условите наведени во купонот, предност ќе имаат условите на купонот. Секој обид да се употреби купон со прекршување на овие Услови на употреба (вклучувајќи ги и условите на купување) ќе значи дека купонот е неважечки.
SEZA100DENARI е издавач и продавач на купоните и истиот е единствено одговорен за замена на купонот за производи и/или услуги. Купоните не може да се заменат за пари во форма на банкноти.
(В) Правила и услови за сите купони (освен ако не е поинаку назначено во условите на продажбата или во специфичните правила кои се однесуваат на конкретниот купон)
Еден купон може да се користи само за еден производ (замена за производ или услуга) освен ако не е различно назначено од SEZA100DENARI.